UNItears е едноставен, но многу ефикасен производ за третман на сите симптоми на синдромот суво око. Производот е без конзерванси и затоа е безбеден, a можат да го користат и лица кои носат контактни леќи, а на кои им се потребни вештачки солзи.
Има навлажнувачки ефект, но и ги смирува очите. Идеален е во случај на инсуфициенција на солзи до која доаѓа кога солзните жлезди не произведуваат доволно водени компоненти, а тоа доведува до хиперосмоларност која може да предизвика иритација на очите, пецкање на очите, како и чешање и гребење во очите.
UNItears претставува одличен лек за суви очи затоа што содржи 2 главни активни состојки кои заедно дејствуваат, хипромелоза – која ја врзува водата и создава заштитен филм на површината на окото и декспантенол– кој ја смирува иритацијата во очите и ја стимулира регенерацијата на клетките на површината на рожницата.